Од Јануари 2023 година, здржението Еко Лајф вработи Ранливи групи граѓани од Гевгелија во производство на еко плочки за надворешна употреба. Проектот е реализиран од страна на Здужението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади „Еко Лајф“ од Гевгелија, а целта е воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување.
Проектот “Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување” е насочен кон промовирање на совесно управување со отпадна ПЕТ пластика и промоција на кружна економија, односно рециклирање на отпадна пластика и нејзина реупотреба во целосно нов сертифициран производ – еко плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика, за кое што производство се ангажирани/вработени лица припадници на ранливи категории на граѓани, кое производство/функционирање ќе биде со тенденција да премине во социјално претпријатие.


Проектот е со вкупен буџет од 17.000 евра што се обезбедени од страна на „Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” (ЦеПроСАРД), регрантиран од Европската Унија преку проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”.

Повеќе информации во врска со проектот и проектните ктивности можете да прочитате на следните линкови:

Facebook страна на здружението “Еко Лајф”
Веб страна за производство на Еко Плочки
Промоција на проектот на порталите на ТВНОВА12 и Вечер Пресс