Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „ Интегра“
Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „ Интегра“ чекори кон креирање и воспоставување на социјалното претпријатие во првата половина од имплементацијата на Проектот.
Обезбедени се потребните материјали, опрема за работа,адаптација на простор, технички помагала и друго, што се еден од предусловите за креирање на социјалното претпријатие. Опремата која е набавена е согласно безбедносните стандарди и проценки за работа на ранливи групи вклучително и лица со попреченост. Како втор значаен момент, имплементиран во првата половина од проектот, а за стабилен развој на социјалното претпријатие е истражувањето на пазарните вредности и опкружување, мапирање на потенцијални потрошувачи како и развој на Бизнис план.
Спроведена е дел од Обуката за работа со предвидените работни дејности и обука за работа со набавента опрема, а дел од обуките ќе се имплементираат во втората фаза од програмата. Крајните корисници се контактирани и е реализирана индивидуална средба со нивните родители/ законски старатели. Интересот и мотивацијата е обострано присутна за почеток на обука кон клиентите и работа на предвидените подрачја. Креирани се проценки на интереси, афинитети и можности на крајните корисници. Во тек е изработка на план за индивидуална обука .
Следни чекори на „ Интегра“ се прототипирање до финален производ.

