Проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ го спроведува Рурална коалиција, како дел од активностите од проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, финансиран од Европската Комисија, договор број IPA/2021/428-202.

Главна цел на проектот е унапредување на социо-економската положба на жените од руралните средини од сите 8 плански региони на територија на Република Северна Македонија. Целни групи на проектот се: жените од руралните средини од сите 8 плански региони, локалните самоуправи, локалните здруженија, како и бизнис секторот.
Она, пак што сакаме да го достигнеме со различните сетови на активности кои што ни се предвидени во проектот е да ги зајакнеме капацитетите, но и бизнис ориентацијата на социјалното претпријатие “Наша тезга“, која што е првиот женски рурален е-пазар на земјоделски производи и преработки во нашата земја, но во исто време и да ја зголемиме конкурентноста на земјоделските производи и преработки на жените од руралните средини кои што се дел од “Наша тезга“.
Градењето на цврсти меѓусекторски партнерства како и унапредување на соработката помеѓу локалните чинители, а во насока на зголемување на промоцијата, но и создавање на додадена вредност преку која што ќе бидат препознатливи производите од “Наша тезга“ е еден од главните резултати кој што ќе го достигнеме преку реализацијата на нашите активности.
Главните активности кои што ќе доведат до постигнување на резултатите и целите на проектот опфаќаат менторски сесии со жените од руралните средини кои што ќе ги зајакнат нивните дигитални и претприемачки вештини, но и ќе ни дадат насоки како руралниот женски е-пазар да го направиме достапен речиси во секој дом, а ќе изработиме и бизнис план како и стратегија за финансиска одржливост на „Наша тезга“ кои што ќе ни дадат и можност за долгорочен развој на социјалното претпријатие и по завршувањето на проектот.

Производите на женскиот е-пазар ќе ги ставиме под ист бренд и пакување со што ќе придонесеме кон зголемување на нивната додадена вредност, а ќе направиме и промотивна кампања во сите 8 плански региони со која што сакаме да допреме до што е можно повеќе крајни потрошувачи и да ја зголемиме препознатливоста на пазарот и производите.
Она што досега успеавме да го реализираме се петте менторски сесии каде што над 30 жени од руралните средини, ги зајакнаа сопствените знаења за дигиталниот маркетинг, но и нивните претприемачки вештини, а успеваме да реализираме и соработка со 5 локални здруженија од 3 плански региони, а отпочнавме да градиме партнерства и со општините Новаци, Јегуновце, Дебар и Старо Нагоричане.
За новогодишните празници заедно со вредните жени од „Наша тезга“ успеавме да изработиме новогодишни органски пакетчиња за децата од основното училиште „Гоце Делчев“ од селото Тумчевиште, Гостиварско, Центарот за деца со попречености од Гостивар, како и за децата со пречки во развојот чии што родители се членови на Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево.
Повеќе информации во врска со проектните активности можете да следите на следните линкови:
Facebook страна на Рурална Коалиција
Website на Рурална Коалиција
Facebook страна на Наша Тезга
Website на Наша Тезга

