Во текот на вчерашниот ден, тимот на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” во имплементација на ЗГ ЦеПроСАРД го посети оштинското основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров.

При посетата беа донирани 5 компјутери и дополнителна опрема од ЗГ ЦеПроСАРД за потребите на учениците од основното училиште, а потпишавме и меморандум за соработка како дел од активноста градење на мрежата на Социјални Претпријатија и останати чинители во процесот.
Благодариме на гостопримливоста на училиштето и искрено се надеваме на максимална примена на донираната опрема во училишните денови на учениците!

Проектниот тим во рамките на активноста постигна видливи резултати и вклучи 13 членови на мрежата на Социјални Претпријатија, каде се остварија поголеми можности за вмрежување, меѓусебна соработка и размена на знаења и добри практики во целокупниот процес.