WISE GROUP LCSP Скопје го спроведува проектот „Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винарии во циркуларни“, регрантиран од страна на ЗГ ЦеПроСАРД преку проектот „Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе“ финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е да се намали отпадот што го создаваат производителите на вино и грапа преку негово рециклирање и претворање во нов прехранбен производ со помош на кружен модел.


Конкретни цели на проектот се:

  • Зголемување на просторот за складирање на грозје, со цел да се зголеми капацитетот за рециклирање на отпадот од грозје
  • Едукација и подигање на свеста на локалните винарии и индивидуалните производители на вино за придобивките од рециклирањето на отпадот од грозје
  • Развој на маркетинг стратегија, анализа на крајните потрошувачи и дизајн на амбалажа за производот произведен од рециклирање нагроздова грозје

Периодот на имплементација на проектот е октомври 2022 – август 2023 година