Активност 1 Набавка на мешалка за отпадна дробена пластика и песок

Согласно Работниот план, од страна на здружението ЕКО ЛАЈФ  е извршена набавка на мешалка за мешање на дробена отпадна пластика со песок потребна за подготовка на смеса за производство на еко плочки.

Активност 2 Дробење на отпадна пластика со автоматска машина – дробилка со машина

Дробењето на отпадната пластика се врши на машина за дробење пластика – дробилка позиционирана во просториите на партнер компанијата Близнак – ком Гевгелија. Здробената отпадна пластика е искористена за производство на еко плочки. Во рамки на перидот на известување се издробени вкупно 2207 кг. отпадна пластика (ПП, ПЕ,ПЕТ,ХДПЕ). Дел од отпадната пластика која се користи во производството е набавена во рамки на проектот, додека дел од истата од партнерот на проектот.

Активност 3. Производство на еко плочки за надворешно уредување

Во рамки на оваа проектна активност до 14.03.2023 год. се произведени 4050 парчиња плочки, односно 162 м2. За производство на еко плочки за надворешна употреба потребни се отпадна пластика (50%) и сепариран песок (50%). Производството на еко плочките најпрво започнува со дробење на отпадната пластика во автоматска машина – дробилка. Потоа истата се мери и се носи во мешалка, каде што се меша неколку минути заедно со песокот. Вака измешаната смеса се става директно во електричен екструдер. Во него смесата се топи и се соединува, а потоа се вади дел по дел и се става во преса со калапи за плочки. Откако ќе се пресуваат и добијат соодветен облик од калапот, плочките се ставаат на ладилник со вода каде што се ладат и стврднуваат. На тој начин добиваме готов производ. Производството на еко плочкитe се одвива во просториите на партнер компанијата Близнак – ком, каде што е позиционирана опремата за производство. 

Активност 4. Вработување на  лица од ранливи категории во рамки на проектот кои вклучени во производството на еко плочки за надворешно уредување.

Во рамки на проектот се вработени 3 лица кои работат во производство на еко плочките. Еден од нив е ангажиран за селекција и дробење на отпадна пластика, додека останатите двајца во процесот на производство се до добивање на финален производ.

Активност 5. Организирање обука за работа со линија за производство на еко плочки за надворешна употреба.

На 17.01.2023 беше организирана обука за ракување со линија за производстов на еко плочки на која директно учество заземаа вработените вклучени во самиот процес. Цел на обуката беше првилно ракување и оправување со линија за производство на еко плочки. Станува збор за специфична опрема која досега не се среќава на територина на Република Северна Македонија и пошироко. Обуката беше водена од страна на лице со сите потребни квалификации и сертификат за управување со линијата за производство.

Активност 6. Спроведување на кампања за подигнување на јавната свест кај населението за предностите на социјалните претпријатија и вклучување на ранливите групи во заедницата.

Оваа кампања се спроведува во текот на целиот проект преку сите облици на средства за јавно информирање (локална/регионална телевизија, локално радио, електронски медиуми и електронски алатки за информирање) со цел информациите да се пренесат до различни категории на граѓани. Кампањата се спроведува преку електронски објави, прилози, изјави за медиуми, интервјуа со засегнати страни и сл.

Во рамки на периодот на известување направени се 6 објави на ФБ страната на здружението, две објави на локални телевизии, како и една објава во електронски весник.

Активност 7. Склучување Меморандуми за соработка со општини и други чинители за уредување на детски игралишта, паркинзи и површини што се од јавен интерес за користење (употреба) на еко плочките во нивните активности

Со цел поголема промоција на проектните активности како и промоција и презентација на еколошкиот производ – еко плочка, во рамки на проектот во периодот на известување се потпишани два Меморандуми за соработка. Преку овие Меморандуми организациите покажаа интерес за користење на нашиот производ во нивните активности, а исто така допринесуваат за поголема видливост и промоција на самиот производ. 

Активност 8. Одржување на информартивни сесии и состаноци помеѓу претставници на здруженија и компании за социјалното претприемништво и користа од него

Во рамки на проектот се одржани 4 информативни средби со јавни и приватни установи. Целта на овие средби е разменување на искуства и мислења во врска со социјалното претприемништво и користа од него. Дел од овие установи имаа можност да се запознаат со нашата работа и нашиот производ.

Гевгелија, 10.05.2023                                                                                       Овластено лице – Драгица Чобанова