Имплементатор: Рурална Коалиција
За проектот: „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“
Проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ го спроведува Рурална коалиција, како дел од активностите од проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, финансиран од Европската Комисија, договор број IPA/2021/428-202.
Главна цел на проектот е унапредување на социо-економската положба на жените од руралните средини од сите 8 плански региони на територија на Република Северна Македонија. Целни групи на проектот се: Жени од рурални средини од сите 8 плански региони, локални самоуправи, граѓански здруженија, бизнис сектор.
Специфични цели на проектот:
- Зајакнување на капацитетите и бизнис ориентацијата на социјалното претпријатие „Наша тезга“,
- Зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки преку унапредување на технолошките процеси и маркетинг на производите преку платформата „Наша тезга“,
- Зголемување на промоцијата на „Наша тезга“ преку развој, градење на меѓусекторските партнерства и унапредување на соработката помеѓу локалните чинители,
- Формирање на социјално претпријатие „Наша тезга“.
Реализирани активности, соработки, вмрежувања и консулатации:
Во периодот Јануари – Мај 2023 година, според планот на активности се реализираа планираните активности според планираната динамика. Во рамките на планираните активности продолжија вмрежувања, соработки со локални и национални институции, граѓански здруженија важни за поддршка на проектните активности. Проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ доби поддршка од градоначалниците на општините Јегуновце, Теарце, Брвеница, а состаноци за поддршка и лобирање се одржаа со пратениците од Собранието на РСМ, Моника Зајкова и Санела Шкријељ каде што се побара поскоро донесување на Законот за социјално претприемништво во РСМ. Во месец февруари меморандум за соработка беше потпишан со здружението „Егнатиа“ од општина Теарце. Остварените соработки со локалните чинители ќе бидат надградени при реализирање на промотивната кампања.



Во изминатиот период проектниот тим работеше на подготовка на два стратешки документи битни за проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ и тоа Бизнис план и Стратегија за финансиска одржливост на идното социјално претпријатие „Наша Тезга“. Подготвените документи беа презентирани пред жените земјоделки – членови на „Наша Тезга“, а нивните коментари беа вметнати во двата стратешки документи. Изработените документи ги даваат насоките за долгорочно и стабилно функционирање на „Наша Тезга“, но и за зајакнување на вештините на жените земјоделки за дигитален маркетинг, подготовка на бизнис план и стратешко планирање.



Во периодот од месец март започна техничкото надградување на платформата „Наша тезга“, а процесот ќе финишира со функционална и лесна за употреба дигитална платформа „Наша Тезга“. Во процес сме на набавка на машина за печатење на налепници со што ќе го брендираме производството на жените, а истото ќе го промовираме на теренска кампања до крајот на проектот.




