Во текот на првата половина од имплементирањето на проектот “Tрансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винарии во кружни“”, значаен момент за ВАЈС Груп претставуваше зголемување на капацитетите за складирање на комиње. Имено, проектот овозможи претпријатието да набави опрема во вид на замрзнувачи кои овозможија да се складираат дополнителни 2,285кг комиње. Дополнително, врз основа на зголемените капацитети за складирање, претријатието изработи и документ за максимални годишни капацитети на производство, кои сега се зголемија на 44,000 килограми, во споредба со поранешните 15,000 килограми, што би овозможило посериозни преговори со поголеми потенцијални клиенти за снабдување со адитив од комиње и брашно од комиње.
Друга важна активност која беше спроведена во текот на првата половина од имплементацијата на проектот претставуаше изработка на стратегија за едукација и подигање свест кај винариите за придобивките од рециклирање и користење на циркуларни модели во нивниот процес на производство. Преку стратегијата, претпријатието ги мапираше малите и локални винарии, како и големите винарии во Република Северна Македонија, како и ги анализираше нивните моментални практики во однос на синџирите на снабдување. Мапирање на индивидуи кои се занимаваат со производство на вино и ракија беше исто така направено, а ВАЈС Груп воспостави и контакт со дел од овие индивидуи за понатамошна соработка која би се одвивала во текот на втората половина од имплементирањето на проектот.
Дополнителни активности кои се одвиваа во изминатиот период се фокусираа на истражување и развој во однос на оптимизација на брашно од комиње и негова имплементација во производи од мелничко пекарската индустрија. Имено, претпријатието правеше анализи за процентот на хранливи состојки во однос на антиоксиданти, растителни влакна и антоцијанин кои би се задржувале во крајниот производ, при замена на различни проценти од обичното брашно. Преку потпишување на договор за соработка со акредитирана лабораторија, претпријатието доби резултати за хемиските анализи, додека направени беа и сензорски анализи на потенцијални крајни потрошувачи за леб и за торта (како пример производи од мелничко-пекарската индустрија). Сите резултати беа евидентирани во дневник за Истражување и Развој, врз чија основа се донесе заклучок за најповолна крајна рецептура за Б2Ц секторот.
Последната активност која беше остварена во текот на првата половина од имплементирањето на проектот се фокусираше на набавка на фолија која е потребна за пакување на крајниот производ (адитив и брашно од комиње). Оваа фолија беше од големо значење за понатамошно дефинирање на дизајнот на пакување на крајните производи.
https://www.eitmanufacturing.eu/news-events/news/a-genuine-entrepreneur/

