Опис на проектот:
Главата цел на проектот е да се обезбеди позиционирање на ПОГОН како водечко социјално претпријатие кое ги вклучува целните групи, се прилагодува на промените на пазарот и континуирано го зголемува својот придонес во општеството.
Специфичните цели на проектот се:
- проширување на асортиманот на производи на ПОГОН.
- зголемување на нето – приходот на ПОГОН кој ќе се реинвестира во обезбедување на долгорочна одржливост на директни услуги за жените што претрпеле семејно насилство.
- зајакнување на капацитетите на жените што претрпеле семејно насилство и нивно вклучување во развивање на асортиман на брендирани производи за ПОГОН.
- прилагодување на тековното работење на ПОГОН на потребите на пазарот и на поставеноста на конкурентските компании.



Клучни целни групи и корисници на проектот се неформалните индивидуални производители на дизајнерски производи и жените што претрпеле семејно насилство.
Активности предвидени со проектот:
- идентификување, информирање и вклучување на индивидуални производители, правни субјекти и останати организации/лица од Северна Македонија и регионот во мисијата на ПОГОН.
- градење на препознатливост и поставеност на брендот ПОГОН (промотивни видеа, учество на јавни настани и базари, средби, итн.).
- градење на вештни на жените кои претрпеле семејно насилство (обуки, менторство, материјали и организирање на социјалн камп).
- анализа на пазар.
Период на имплементација на проектот:
Октомври 2022 – Јули 2023 година
Повеќе информации во врска со проектот и проектните активности можете да прочитате на следните линкови:

