Проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го приницпот- Не оставај никој зад себе” организира обуки по мерка со цел зајакнување на капацитетите на регрантираните Социјални Организации во областите од Дигитален Маркетинг, Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и Заштита на животната средина.
По спроведената Проценка на потребите и капацитетите на СП за развој на бизнис идеи и бизнис иницијативи и подготвениот документ со резултатите од спроведената проценка се реализира програма за обуки по мерка 6 зарегрантирани социјални организации во период од 7 месеци, каде ќе учествуваат вкупно 30 учесници.
Обуките ќе бидат реализирани преку практични примери во секојдневната работа на организациите.
По завршување на 7 месечните обуки по мерка, учесниците ќе се здобијат со сертификат од спроведената област.
Проектот е финансиран од Европската Унија.





