Не оставај никој зад себе
ЗА НАС
Главната цел на проектот е да овозможи поддршка за развој на нови и постојните социјални претпријатија, да ја зајакне нивната економска независност преку следење на принципот “Не оставај никој зад себе”, и има за цел да ги подобри оперативните капацитети и одржливост на веќе постоечките и новите социјални претпријатија и креира нови работни места за ранливите групи граѓани и лица со попреченост.
Проектот ќе придонесе за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на најмалку 6 социјални претпријатија, а истовремено ќе поддржи нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи (лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени). Имајќи ги предвид потребите и ограничувањата на ниво на целата земја, главните ограничувања во земјата се недостатокот на знаење и свесност за социјалното претприемништво и недостатокот на соработка помеѓу социјални претпријатија, јавните институции и приватниот бизнис.

